Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...

МЕМО ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија
28.10.2026-Скопје – Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија, произведена од повластени производители на електрична енергија, со што воспостави нов пазарен механизам за тргување со овој инструмент и направи значаен чекор во развојот на пазарот на зелена енергија во земјата согласно европските стандарди.
Аукцијата претставува важен чекор кон воспоставување транспарентен и конкурентен пазар, на кој вредноста на Гаранциите за потекло се формира врз основа на понудата и побарувачката. Со тоа се создаваат услови за појасно вреднување на еколошката компонента на електричната енергија и за поголеми можности производителите од обновливи извори да ја валоризираат еколошката вредност на своето производство.
На првата аукција под назив „MEMO FiT – Wind“, беа понудени 35.000 Гаранции за потекло за произведена електрична енергија од ветер, од кои беа продадени 34.000, по просечна цена од 0,35 евра.
Со одржувањето на првата аукција, МЕМО направи конкретен исчекор во реализацијата на Реформската агенда, во делот што се однесува на воспоставување систем за тргување со Гаранции за потекло. Оваа активност е со цел унапредување на пазарните механизми, зголемување на транспарентноста и усогласување со европските практики во областа на енергетиката и развојот на пазарот на зелена енергија.
Со имплементацијата во функција на системот за аукциско тргување, МЕМО придонесува кон развој на поорганизиран и поконкурентен пазар, на кој пазарните сигнали ќе овозможат пореално вреднување на Гаранциите за потекло и на еколошките придобивки од производството на електрична енергија од обновливи извори.
Гаранциите за потекло се инструмент со кој се потврдува дека одредена количина електрична енергија е произведена од конкретен извор. Нивното значење расте со зголемените потреби на компаниите за потврдување на потеклото на енергијата што ја користат, особено во контекст на декарбонизацијата и исполнувањето на целите за одржливо работење. Од април 2025 година досега, во Македонија се издадени повеќе од 850.000 Гаранции за потекло, што укажува на развојот на овој пазар и на потребата од негово понатамошно структурирање.
МЕМО продолжува со активности за унапредување на пазарната инфраструктура и развој на функционален и транспарентен пазар на зелена енергија, со цел зајакнување на конкуренцијата, подобрување на пазарните сигнали и усогласување со европските практики.
Пречек на децата на вработените во МЕМО ДООЕЛ Скопје пред почетокот на учебната година
МЕМО ги пречека своите најмлади гости – децата на вработените, во ден исполнет со дружење, забава,...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, јули 2026
Во јули 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – јули 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Јули 2026
Во јули 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Ѓорѓиевски: МЕМО бележи раст на тргувањето, следуваат негативни цени и аукции на гаранции за потекло
МЕМО бележи значителен раст на тргувањето со електрична енергија во изминатите две години, а во...
