МЕМО на настан на АД ЕСМ – “Ревитализација на хидроелектраните – трета фаза“

29.09.2026 | Новости

Претставници на МЕМО присуствуваа на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.

Станува збор за значаен проект кој ќе овозможи модернизација на дел од производните капацитети и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори. Со инвестицијата дополнително се зајакнува хидропотенцијалот на државата и се придонесува кон создавање посигурен, постабилен и поквалитетен електроенергетски систем.

Упатуваме искрени честитки до АД ЕСМ за реализацијата на овој значаен проект и за вложувањето во модернизација и развој на домашните енергетски капацитети.

Ваквите инвестиции се важен чекор кон поголема енергетска независност, сигурно снабдување и одржлив развој на македонскиот електроенергетски сектор.

Ваквите проекти, носат долгорочна стабилност, развој и посигурна енергетска иднина.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This