МЕМО на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“: Презентирана компаративна анализа на пазарот ден-однапред, пред и за време на раните фази на CBAM

25.09.2026 | Новости

25 септември 2026, Струга – На Меѓународната конференција „Енергетика 2026“, во организација на Здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК, Стојана Меган Милошевска, специјалист за енергетски пазари во МЕМО, презентираше труд насловен „Компаративна анализа на пазарот ден-однапред: пред и за време на раните фази на CBAM во РС Македонија“.

Трудот ја анализира состојбата и развојот на пазарот ден-однапред преку повеќе пазарни индикатори, со фокус на ценовната волатилност, пазарната ликвидност и влијанието на производството од обновливи извори врз формирањето на цените.

Анализата го опфаќа периодот 2024–2026 година и ги разгледува промените во обемот на тргување, ценовните движења и пазарната динамика во услови на енергетска транзиција и постепена примена на Механизмот за прилагодување на јаглеродната граница (CBAM).

На конференцијата учествуваат и други претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, со што се овозможува размена на знаења и искуства со домашни и меѓународни експерти и професионалната јавност од енергетскиот сектор.

Дводневната конференција ги обединува домашните и меѓународните експерти од областа на енергетиката и е посветена на актуелните предизвици, современите технологии и идниот развој на енергетскиот сектор.

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This