No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Македонската берза на електрична енергија забележа рекорден обем на тргување во август 2026 година, со вкупно 199.698,9 MWh истргувана електрична енергија на пазарот „ден однапред“. Ова претставува зголемување од 58,15 % во однос на август 2025 година, кога беа истргувани 126.292,1 MWh
Вкупниот месечен обем на тргување во август годинава, претставува нов рекорд на Македонската берза на електрична енергија и е значаен показател за зголемената активност на учесниците и растечката доверба во организираниот пазар на електрична енергија.
Претходниот највисок месечен обем на тргување беше регистриран во јануари 2026 година, кога на пазарот „ден однапред“ беа истргувани 153.028,7 MWh електрична енергија.
Споредбата покажува значително зголемување на обемот на тргување, како и на просечната дневна активност на берзата, што потврдува дека пазарот „ден однапред“ продолжува да добива сè поголемо значење во тргувањето со електрична енергија.
Резултатите остварени во август претставуваат уште една потврда за развојот на организираниот пазар на електрична енергија во земјава и за зголеменото учество на пазарните учесници во берзанското тргување.
МЕМО продолжува со активности насочени кон понатамошен развој, унапредување и интеграција на пазарот на електрична енергија, со цел создавање поефикасен, потранспарентен и поконкурентен пазар во интерес на сите учесници.
Денеска, во просториите на МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа работна средба со претставници на...
Во јули 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Во јули 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Денеска во МЕМО ДООЕЛ Скопје беше извршено примопредавање на функцијата управител на Националниот...