Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28...

Владата ги усвои заклучоците за формирање на Оператор на пазар на природен гас: Клучен чекор кон либерализација и модернизација на гасниот сектор
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донесе соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување.
Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат на МЕМО ДООЕЛ Скопје за да ја започне постапката и процесот за воспоставување на оператор на пазар на природен гас, согласно законските прописи од областа на енергетиката. МЕМО ДООЕЛ Скопје има обврска да изготви и достави сеопфатен план кој ќе ги опфати сите организациски, технички, ИТ, легислативни и финансиски параметри, како и редовно (најмалку еднаш на три месеци) да ја известува Владата, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерството за финансии и Регулаторната комисија за енергетика за напредокот на активностите.
Правната рамка за организирање и управување со пазарот на гас како регулирана енергетска дејност од јавен интерес е поставена со Законот за енергетика уште во 2018 година. И покрај тоа што со овој закон успешно е воспоставен оперативен пазар на електрична енергија преку формирањето на МЕМО ДООЕЛ Скопје, соодветната институционална структура за гасниот сектор е новоспоставена во изминатите години.
Преку деталните анализи и подготовката на оваа информација, разгледувани беа регионалните пазарни модели (од целосно либерализирани системи како Австрија и Унгарија, до хибридни модели во Грција, Хрватска, Бугарија и Романија). Притоа се дојде до заклучок дека воспоставувањето на нов, посебен субјект би барало долготраен период за имплементација, високи административни и оперативни трошоци и комплицирани процеси.
Напроти тоа, МЕМО ДООЕЛ Скопје веќе располага со функционална ИТ-платформа, развиен систем за пазарно порамнување и докажана експертиза во управувањето со енергетски пазари. Доделувањето на надлежноста за пазарот на гас на МЕМО ДООЕЛ претставува најрационално, најповолно и најбрзо решение. Овој пристап е целосно во согласност со европските практики за транзициски пазари и овозможува постепено создавање на интегриран (комбиниран) пазарен оператор за електрична енергија и природен гас.
Носењето на овие заклучоци и доделувањето на оваа функција имаат суштинско и стратешко значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и за целокупниот енергетски сектор во земјата во однос на подготовката на гасните интерконектори, пазарната конкуренција и транспарентност, за усогласувањето со ЕУ регулативата и институционалата ефикасност.
Република Македонија интензивно работи на клучните инфраструктурни проекти – гасните интерконектори со Грција (со планирано пуштање во средината на 2027 година) и со Србија (на крајот на 2028 година). Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на снабдување (вклучително и LNG терминали) и нов бран на трговски текови. Без функционален пазарен оператор, ефикасното користење на оваа нова инфраструктура би било оневозможено.
Затоа, воспоставувањето на операторот овозможува премин од почетната фаза на либерализација кон созревање на гасниот пазар, формирање на транспарентни и пазарно засновани цени, како и воведување на ефикасни балансни механизми во корист на учесниците на пазарот и крајните потрошувачи.
Со овој чекор, Министерството и државата директно ги исполнуваат преземените обврски од европската регулаторна рамка и целите на Енергетската заедница за целосна интеграција со регионалните пазари. Дополнително, со искористување на капацитетите на МЕМО ДООЕЛ Скопје се обезбедува максимална заштеда на јавни средства и ресурси, гарантирајќи брз, оперативен и сигурен премин кон соодветна организација на пазарот.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на блиската координација со сите релевантни институции со цел навремена и успешна реализација на донесените заклучоци.
Со почит,
МЕМО на 4-тата годишна конференција на All NEMO Committee во Брисел
29 септември 2026, Брисел -Во организација на Комитетот на сите номинирани оператори на пазарот на...
МЕМО на настан на АД ЕСМ – “Ревитализација на хидроелектраните – трета фаза“
Претставници на МЕМО присуствуваа на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација...
МЕМО во Париз на работните состаноци за Гаранции за потекло, организирани од AIB – Association of Issuing Bodies
Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“: Презентирана компаративна анализа на пазарот ден-однапред, пред и за време на раните фази на CBAM
25 септември 2026, Струга – На Меѓународната конференција „Енергетика 2026“, во организација на...
МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК
24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична...
