Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и...

МЕМО стана полноправна членка на AIB – македонските гаранции за потекло чекор поблиску кон влез во европскиот систем

20 мај 2026, Атина – На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу земјите на Европската Унија и земјите од Енергетската заедница, Македонија е чекор поблиску кон приклучување кон Европскиот систем за издавање, пренос и признавање на Гаранции за потекло, кои претставуваат единствен и меѓународно признат доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори.
На Генералното собрание присуствуваа генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, и Денко Рафајловски, раководител на Службата за поддршка на обновливи извори на енергија во МЕМО, заедно со претставници на национални издавачки тела, оператори на пазари на електрична енергија, регулатори и институции од повеќе европски држави членки на AIB.
„Со полноправното членство на МЕМО во AIB, македонскиот систем за Гаранции за потекло ги спроведува неопходните процедури потребни за натамошно приклучување кон Европскиот систем за енергетски сертификати – EECS, што ќе овозможи сигурно, транспарентно и меѓународно признато издавање и тргување со сертификати за зелена електрична енергија. Од голема важност е натамошната интеграција на домашниот електроенергетски пазар со европскиот пазар на енергија со цел отворање нови можности за производителите на електрична енергија од обновливи извори, снабдувачите и компаниите како доказ дека користат зелена енергија согласно европските ESG и декарбонизациски стандарди. Членството во AIB ќе придонесе за зголемување на довербата, конкурентноста и атрактивноста на македонскиот пазар на обновлива енергија“, изјави Ѓорѓиевски.
Во април 2025 година, МЕМО, во соработка со Grexel – водечка европска компанија во оваа област, успешно го имплементираше електронскиот систем за Регистарот на гаранции за потекло, согласно правилата на EECS и стандардите на AIB.
„Од тогаш до денес издадени се 500 илјади Гаранции за потекло на електрична енергија. Секоја гаранција за потекло претставува еден мегават-час (MWh) електрична енергија произведена од обновливи извори и овозможува транспарентно следење на потеклото на енергијата – од производителот до потрошувачот. Гаранциите се тргуваат на отворени пазари и претставуваат важен инструмент за промоција на обновливата енергија и за обезбедување сигурност и избор за потрошувачите во однос на изворите на енергија. AIB претставува основа за транспарентен и ефикасен трансфер на зелени сертификати меѓу државите преку поврзување на националните регистри преку AIB Hub. Минатата година МЕМО стана член-набљудувач на AIB, како прв чекор кон полноправното членство, што е предуслов за воведување на Гаранции за потекло кои ќе бидат признати и тргувани во земјите членки на Европската Унија. Продолжуваме да градиме современ енергетски пазар усогласен со европските регулативи“, изјави Рафајловски.
AIB, со седиште во Брисел, е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност на европскиот енергетски пазар преку стандардизација на гаранции за потекло.
МЕМО и понатаму останува посветен на развој на транспарентен, ефикасен и европски усогласен пазар на електрична енергија.
МЕМО на панел-дискусија на ФЕИТ: Ефектите од воведувањето на CBAM врз пазарот на електрична енергија
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се одржа панел-дискусија во...
Работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница: Напредок во реформите и интеграција со европскиот енергетски пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со директорот...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, февруари 2026
Во февруари 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –Февруари 2026
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија достапен и на македонски јазик
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје го направи Регистарот на...
