Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....

MЕМО во Брисел: Праведна транзиција и побрза интеграција во европскиот енергетски пазар

Брисел, 14 мај 2026 година – Во просториите на Европскиот парламент во Брисел се одржа значајна панел-дискусија во рамки на „Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија 2026“ (EMIF 2026), посветен на предизвиците и перспективите на спојувањето на електроенергетските пазари во услови на воведување на Механизмот на ЕУ за прилагодување на границите на јаглеродот(CBAM).
На панелот учествуваше Зоран Ѓорѓиевски, генерален директор на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, заедно со Рафаел Гомез-Елвира Гонзалез, претседател на Ал Немо Комитет, Андре Естерман, претседател на ТСО Европски пазарен спој (MCSC), Сокол Дишница, извршен директор на Албанската берза на електрична енергија,Дејан Драшковиќ, извршен директор на Црногорската берза на електрична енергија, Анже Предовник, генерален директор на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, како и пратениците во Европскиот парламетн, Романа Томц и Адам Јарубас.
Дебатираа за клучните прашања поврзани со интеграцијата на регионалните пазари, влијанието на CBAM врз ликвидноста и ценовните движења, како и за идните чекори кон воспоставување на единствен европски пазар на електрична енергија.
Во своето обраќање, Зоран Ѓорѓиевски истакна дека Механизмот CBAM, иако има за цел поддршка на климатските политики и намалување на емисиите, може да создаде дополнителни оптоварувања за домашните производители на електрична енергија, особено за оние кои веќе инвестираат во обновливи извори. Тој нагласи дека зелената транзиција е неопходна и неизбежна, но мора да биде праведна, постепена и економски одржлива, при што мерките што ја забрзуваат транзицијата не смеат да доведат до нејзино забавување. Воедно, потенцираше дека Северна Македонија е дел од европскиот енергетски систем преку интерконекциите и пазарните правила, поради што е неопходна побрза интеграција и отстранување на бариерите за слободна трговија.
Иако пред неколку години постоеја амбициозни очекувања дека спојувањето на пазарите ќе се реализира до крајот на 2026 година, тековните состојби укажуваат на значителни доцнења. Сè уште не постои потврден временски рок за пристапување на земјите договорнички кон единствениот европски пазар, а клучниот документ – Планот за интеграција на пазарното спојување – допрва треба да биде усвоен.
Дополнителен предизвик претставува и имплементацијата на CBAM, која веќе има видливи ефекти врз пазарот, вклучувајќи намалена ликвидност, промени во ценовните трендови и зголемена претпазливост кај инвеститорите во зелени проекти.
Во овој контекст, сè повеќе се наметнува пристапот на постепена, „граница по граница“ интеграција, наместо истовремено приклучување кон европскиот пазар. Овој пристап отвора суштинско прашање за динамиката и ефективноста на процесот на интеграција и неговото долгорочно влијание врз пазарната структура.
На панел-дискусијата учествуваа високи претставници од европските институции и енергетскиот сектор.
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, октомври 2025
Во октомври 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Конструктивна средба помеѓу МЕМО и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) – Групација на Светска банка
Денес во просториите на МЕМО се одржа конструктивна средба со тим на Меѓународна финансиска...
ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ОРГАНИЗИРАНИОТ ПАЗАР ВО СЕГМЕНТОТ „ДЕН-ОДНАПРЕД“
Пишува - Митко Огненоски, Раководител на Оддел за обновливи извори на енергија и организиран пазар...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –Октомври 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на...
МЕМО: Македонскиот пазар на електрична енергија е стабилен, конкурентен и активно се подготвува за интеграција со европскиот пазар
На панел-сесијата „Енергетска поврзаност, отпорност и безбедност: регулаторни и правни аспекти“,...
