Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...

Започна тестирањето на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market) на МЕМО
МЕМО продолжува со развојот на организираниот пазар на електрична енергија преку воведување на Пазарот во тековниот ден – механизам што овозможува купување и продажба на електрична енергија во текот на истиот ден, поблиску до реалното време на испорака.
Во рамки на подготовките, на учесниците кои веќе тргуваат на пазарот ден однапред им е овозможен пристап до новиот M7 систем за тргување.
Од денес учесниците можат да ги тестираат сите функционалности пред официјалното пуштање во употреба на Пазарот во тековниот ден.
Официјалното тестирање (end-to-end), кое ги опфаќа и процесите на номинација, ќе се одржи наскоро.
Преку M7 порталот, учесниците имаат пристап до:
• алатката за тргување (ComTrader)
• упатства и документација
• симулациската околина за Пазарот во тековниот ден
Поддршка за користење на системот е достапна во работни денови од 14:00 до 16:00 часот.
Овој чекор претставува важен дел од модернизацијата на пазарот на електрична енергија и негово усогласување со европските практики.
МЕМО во Атина на 31-от Форум за електрична енергија во организација на Секретаријатот на енергетската заедница
Претставници на МЕМО ДООЕЛ Скопје и генералниот директор Зоран Ѓорѓиевски, учествуваат на 31-от...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Април 2026
Во април 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Од регулаторна идентификација до финансиско порамнување: Оперативна рамка и управување со процедурите и податоци на либерализираниот пазар на електрична енергија
Пишува: м-р Дејан Младеновски, раководител на пресметка на тарифа и отстапувања – МЕМО ДООЕЛ...
МЕМО стана полноправна членка на AIB – македонските гаранции за потекло чекор поблиску кон влез во европскиот систем
20 мај 2026, Атина – На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB),...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, АПРИЛ 2026
Во април 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
