Работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница: Напредок во реформите и интеграција со европскиот енергетски пазар

12.03.2026 | Новости

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со директорот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – „МЕМО ДООЕЛ“ Скопје, Зоран Ѓорѓиевски, и заменикот на генералниот директор на АД „МЕПСО“, Александар Пауноски, оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски.

На средбата се разговараше за клучните реформски чекори во енергетскиот сектор, како и за напредокот во процесот на усогласување со европските енергетски политики.

Во фокусот на разговорите беа:

  • напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор,
  • зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурноста на снабдувањето,
  • интеграцијата на националниот пазар со европскиот енергетски пазар,
  • забрзувањето на процесите на декарбонизација и ефектите кои CBAM ги има врз напорите за зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија.

На средбата беше истакнато дека МЕМО континуирано работи на развој на стабилен и конкурентен пазар на електрична енергија, подготвен за интеграција со европскиот пазар.

Во таа насока се финализираат подготовките за старт на Пазарот во тековен ден (Intraday Market), кој се очекува да стане оперативен во мај годинава. Паралелно се работи и на полноправно членство на МЕМО во AIB како еден од чекорите за признавање на  Гаранциите на потекло во земјите на ЕУ.

Од воспоставувањето на Регистарот во април 2025 година, издадени се над 190 илјади гаранции за потекло за 20 компании кои користат електрична енергија произведена од обновливи извори.

На средбата беше презентирана и реализацијата на тековните енергетски проекти во повеќе области, при што беше нагласена посветеноста на земјата за забрзување на реформските процеси во енергетскиот сектор.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This