Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ДЕКЕМВРИ 2025
Во декември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 614 GWh.
На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 605 GWh, од кои ЕСМ со 305 GWh учествува со најголем процент од 50.4%, а потоа следуваат независните производители со 199 GWh, односно 33%, виртуелни производители со 50 GWh или 8.2%, и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 51 GWh, односно 8.4%.
Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката, во декември 2025 година изнесува 98,5%. На годишно ниво, учеството на вкупнoто домашно производство во однос на вкупната нето-потрошувачката изнесува 100%.
Подетални информации на следниот линк https://www.memo.mk/?page_id=242753
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, Септември 2026
Во септември 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
МЕМО на 4-тата годишна конференција на All NEMO Committee во Брисел
29 септември 2026, Брисел -Во организација на Комитетот на сите номинирани оператори на пазарот на...
МЕМО на настан на АД ЕСМ – “Ревитализација на хидроелектраните – трета фаза“
Претставници на МЕМО присуствуваа на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација...
МЕМО во Париз на работните состаноци за Гаранции за потекло, организирани од AIB – Association of Issuing Bodies
Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“: Презентирана компаративна анализа на пазарот ден-однапред, пред и за време на раните фази на CBAM
25 септември 2026, Струга – На Меѓународната конференција „Енергетика 2026“, во организација на...
