Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност за ЕЛНОР ДООЕЛ Скопје – 01.12.2025 година
Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28 став 1 точка 3) од Правилата за пазар на електрична енергија ,член 12 став 3 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје со бр.0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 01.12.2025 година се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност
- Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став 1 точка 3) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4080014544990 со лиценца снабдувач со електрична енергија и склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-10-686/1 од 13.02.2020 година и Анекс 1 со арх.бр. 09-7504/2 од 29.07.2024 година.
- Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, рокот за отстранување на причините за Опомената е заклучно со 09.12.2025 година.
- Доколку не се испочитува рокот и барањата од ова Опомена, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на 10.12.2025 ќе донесе Одлука за суспензија која ќе стапи во сила на 11.12.2025 година во 00:00 часот.
- Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Друштвото за трговија со електрична енергија ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија и EIC: 33XELNORSUPPLY-9 склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-10-686/1 од 13.02.2020 година и Анекс 1 со арх.бр. 09-7504/2 од 29.07.2024 година.
На ден 28.11.2025 година од страна на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, во чија балансна група припаѓа ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ,по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување дека снабдувачот нема активен склучен билатерален договор за набавка на електрична енергија за испорака до своите снабдувани потрошувачи со почеток од 01.12.2025 година заради финансиски потешкотии и нема намера да продолжи со снабдување на своите потрошувачи.
Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 1 точка 4 и став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија МЕМО на ден 28.11.2025 година донесе ОДЛУКА за времена суспензија на учесникот ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со почеток од 01.12.2025 година.
Како член на балансна група на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, учесникот ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со почеток од 01.12.2025 година останува без регулирана балансна одговорност и нема право да доставува номинации на пазарот на електрична енергија.
Учесникот на пазар на електрична енергија ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје согласно член 20 став 4 точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија со цел продолжување на учеството на пазарот на електрична енергија е потребно да ја регулира балансната одговорност со АД МЕПСО или да пристапи како член во друга регистрирана балансна група.
Според наведеното, доколку не се испочитува рокот и барањето од ова Опомена, односно не се отстранат причините поради кои е доставено Решението за опомена пред суспензија, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на ден 10.12.2025 ќе донесе Одлука за суспензија која ќе стапи во сила на 11.12.2025 година во 00:00 часот.
Решение за упис на Виртуелен производител – ОКТА АД -Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ТРЕЛИНГ ДОО Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Список на производители, со EIC и датум на престанок на учество на пазарот на електрична енергија, кои се интегрирале во ВИРТУЕЛЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ на електрична енергија
АДИНГ АД Скопје - ФЕЦ АДИНГ со EIC 33XFEC-ADING-MKM (30.11.2022) БИО ЕНЕРЏИ ДОО увоз-извоз...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
