Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ОДЛУКА за времена суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје – 28.11.2025 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28 став 1 точка 4 и став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 28.11.2025 година се донесе:
ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија
- Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија, со ЕДБ: 4057023568574, од пазарот на електрична енергија, поради несклучен билатерален договор за набавка на електрична енергија со почеток од 01.12.2025 година а истовремено е активен снабдувач со електрична енергија
- Времетраењето на суспензијата започнува од 01.12.2025 година и важи до отстранување на причините за истата но не подоцна од 28.02.2026 година.
- Доколку во периодот наведен во точка 2 од Одлуката учесникот не ги отстрани причините за изречената суспензија Договорот за учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи на ден 28.02.2026 година.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
- Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.
О б р а з л о ж е н и е:
Друштвото за трговија со електрична енергија ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија и EIC: 33XGREENGRID-MK3 склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-7364/1 од 29.07.2024 година.
На ден 28.11.2025 година од страна на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување дека снабдувачот нема активен склучен билатерален договор за набавка на електрична енергија за испорака до своите снабдувани потрошувачи со почеток од 01.12.2025 година заради финансиски потешкотии и нема намера да продолжи со снабдување на своите потрошувачи.
Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 1 точка 4 и став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија МЕМО Донесе ОДЛУКА за времена суспензија на учесникот ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје .
МЕМО ДООЕЛ Скопје со оваа Одлуката за суспензија дава можност учесникот на пазар на електрична енергија доколку ги отстрани причините за суспензијата пред завршување на периодот, Суспензијата да биде запрена и да отпочне со активно учество на пазарот на електрична енергија.
Р Е Ш Е Н И Е за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност за ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС ( 27.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (26.11.2024 година)
Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став 1 точка 3) и член 20...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС ( 22.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје – снабдувач со електрична енергија
Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...
