Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28...

МЕМО издаде над 122 илјади Гаранции за потекло на електрична енергија за четири месеци – градиме современ енергетски пазар усогласен со европските регулативи
Пишува – Денко Рaфајловски,
Раководител на Служба за обновливи извори на енергија
Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје
Што претставуваат Гаранциите за потекло
Гаранциите за потекло (ГП) се електронски сертификати, документ со кои се докажува дека одредена количина електрична енергија е произведена од обновлив извор на енергија. Секоја ГП претставува еден мегават-час (MWh) енергија и го следи физичкиот тек на енергијата од производителот до потрошувачот, обезбедувајќи транспарентност и дозволувајќи им на потрошувачите да го потврдат потеклото на нивната енергија. Тие се тргуваат на отворени пазари и се клучен инструмент за промовирање на обновливата енергија и обезбедување избор на потрошувачите во однос на нивните извори на енергија. Гаранцијата за потекло гарантира дека одредена количина на енергија доаѓа од одреден извор, како што се сончевата енергија, ветерот или друг вид на обновлив извор. Овие сертификати овозможуваат следење на потеклото на енергијата од нејзиното производство до нејзината потрошувачка и го поддржуваат растот на обновливата енергија преку создавање транспарентен пазар за овие зелени сертификати, охрабрувајќи инвестиции во нови проекти.
Секој сертификат содржи клучни информации, вклучувајќи го изворот на енергијата, видот на производство, капацитетот на постројката и нејзината возраст, обезбедувајќи сигурност и транспарентност за потрошувачите.
Улогата на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB)
Асоцијацијата на издавачки тела (AIB) е непрофитна организација која промовира стандардизиран и сигурен систем за меѓународни сертификати за потекло. Тие сертификати го потврдуваат изворот на енергија и се клучни за проверка на употребата на обновлива енергија. AIB е основа за транспарентен и ефикасен трансфер на зелени сертификати меѓу границите, преку поврзување на националните регистри на сертификати со својот „AIB Hub“. Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, минатата година стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела – водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност на европскиот енергетски пазар преку стандардизација на Гаранциите за потекло. Ова е прв чекор кон полноправно членство во AIB и предуслов за воведувањето на Гаранции за потекло на електричната енергија кои ќе бидат признати и тргувани во земјите членки на Европската Унија.
Европскиот систем за енергетски сертификати (EECS)
Европскиот систем за енергетски сертификати (EECS) е стандардизирана и регулирана рамка за издавање, пренос и активирање на енергетски сертификати. Развиен е од AIB со цел да обезбеди сигурен и интероперабилен систем за гаранции за потекло. EECS гарантира дека овие сертификати можат сигурно да се пренесуваат преку границите во Европа, поддржувајќи ја целта на ЕУ за хармонизиран внатрешен пазар на енергија и обезбедувајќи транспарентни информации за потеклото на енергијата.
Националната улога на МЕМО како издавач на гаранции за потекло
Согласно Законот за енергетика, тело издавач на Гаранции за потекло за територијата на Република Северна Македонија е Операторот на пазар на електрична енергија – МЕМО. Тело издавач претставува надлежен орган за администрирање на гаранциите за потекло, што вклучува нивно издавање, евидентирање на преносот, признавање, укинување или активирање, како и воспоставување и водење на Регистар за гаранции за потекло.
Регистарот за гаранции за потекло во Северна Македонија
Регистарот за ГП е база на податоци која содржи информации за сите корисници, како и за издадените, пренесените, укинатите или активираните гаранции. Управувањето со регистарот е во надлежност на МЕМО. Корисници на регистарот може да бидат производители на електрична енергија, снабдувачи и трговци. Во април 2025 година, МЕМО во соработка со Grexel – водечка европска компанија во оваа област, успешно го имплементира електронскиот систем за Регистарот за гаранции за потекло, согласно правилата на EECS и стандардите на AIB.
Првите издадени гаранции за потекло и статистика за 2025 година

На 26 мај 2025 година, МЕМО официјално ги издаде првите гаранции за потекло од обновливи извори на АД ЕСМ, за електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети. Во јуни беа издадени 56.620 гаранции за хидроцентрали, а во јули – 51.046 за фотоволтаични централи. Заклучно со август 2025 година издадени се над 122.000 гаранции за потекло.
Влијанието врз енергетскиот пазар и идните перспективи
Со воспоставувањето на сигурен и стандарден систем за издавање, пренос и активирање на гаранциите за потекло, расте бројот на компании кои се приклучуваат кон Регистарот. Овој процес претставува клучен чекор во градењето на транспарентен и современ енергетски пазар, усогласен со европските регулативи.
Конструктивна средба помеѓу МЕМО и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) – Групација на Светска банка
Денес во просториите на МЕМО се одржа конструктивна средба со тим на Меѓународна финансиска...
ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ОРГАНИЗИРАНИОТ ПАЗАР ВО СЕГМЕНТОТ „ДЕН-ОДНАПРЕД“
Пишува - Митко Огненоски, Раководител на Оддел за обновливи извори на енергија и организиран пазар...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –Октомври 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на...
МЕМО: Македонскиот пазар на електрична енергија е стабилен, конкурентен и активно се подготвува за интеграција со европскиот пазар
На панел-сесијата „Енергетска поврзаност, отпорност и безбедност: регулаторни и правни аспекти“,...
МЕМО ДООЕЛ Скопје учествува на 14. Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој
Делегација на МЕМО ДООЕЛ Скопје учествува на 14. Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој,...
