Во продолжение може да ги симнете Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија кои се одобрени...

Во МЕРМС координативен состанок со сите клучни институции од секторот
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа координативен состанок со сите клучни институции од енергетскиот сектор.

На состанокот, на кој присуствуваа координаторката Елизабета Гиовска и управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, беа презентирани тековните активности за пазарно поврзување (market coupling), што ќе придонесе за поголема конкурентност, поефикасно формирање на цените и пристап до европскиот пазар. Ѓорѓиевски посочи дека е во тек и развојот на Intraday пазарот, кој се очекува да стартува во вториот квартал од 2026 година. Во однос на системот за гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори, истакна дека интересот е голем и дека од април досега се издадени над 122 илјади.

На состанокот беа разгледани и состојбата со енергенсите, како и мерките за сигурно снабдување со топлинска и електрична енергија во претстојната зима.
Со воведувањето на редовни координативни состаноци, Министерството воспоставува нов систем што ќе обезбеди поголема сигурност и стабилност во енергетскиот сектор.
„МЕМО Инфо“ – електронскиот весник на Националниот оператор на пазар на електрична енергија
Со гордост го претставуваме првиот број на нашиот квартален електронски весник „МЕМО Инфо“, кој ќе...
ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, август 2025
Во август 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – август 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, jули 2025
Во јули 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
За само два месеци МЕМО издаде 107.666 Гаранции за потекло на електрична енергија
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го...
