Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 25.07.2025 година
Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), согласно член 29 став (1) точка 1) од Правилата за пазар на електрична енергија и член 12 став 1) од Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст – со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 24.07.2025 година се донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-744/1 од 18.02.2020 година склучен помеѓу ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XENERGYSUPPLY5 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-744/2 од 20.02.2020 година.
Договорот престанува да важи на ден 25.07.2025 година во 24:00 часот.
- Се брише учесникот на пазарот – ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XENERGYSUPPLY5 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Приговор против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија на ден 18.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XENERGYSUPPLY5.
На ден 11.07.2025 година до ОПЕЕ е испратено од страна на Регулаторна Комисија За Енергетика И Водни Услуги На Република Северна Македонија (РКЕ) Известување со бр. 12-1361/1 од 11.07.2025 година, за лиценци кои престануваат да важат, каде меѓу останатите е наведена и ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со образложение дека не е испочитуван член 297 став (2) и став (5) од Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр.101/25), односно не е поднесено Барање за промена на лиценца.
Операторот на пазар на електрична енергија во периодот, од 11.07.2025 до 22.07.2025 година, активно комуницираше со ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и РКЕ за надминување на новонастанатата ситуација.
Согласно горенаведеното, на ден 22.07.2025 година, од страна на РКЕ, ОПЕЕ прими ново, конечно, Известување за уредни Барања за промена на лиценца со бр.12-1361/4, каде во листата ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не е наведена дека доставила уредно Барање, со што МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ на ден 24.07.2025 година одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ
Решение за упис на Виртуелен производител – ОКТА АД -Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ТРЕЛИНГ ДОО Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Список на производители, со EIC и датум на престанок на учество на пазарот на електрична енергија, кои се интегрирале во ВИРТУЕЛЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ на електрична енергија
АДИНГ АД Скопје - ФЕЦ АДИНГ со EIC 33XFEC-ADING-MKM (30.11.2022) БИО ЕНЕРЏИ ДОО увоз-извоз...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
