+389 2 3281 020 info@memo.mk

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 25.07.2025 година

24.07.2025 | Известувања

Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), согласно член 29 став (1) точка 1) од Правилата за пазар на електрична енергија  и член 12 став 1) од Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст – со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 24.07.2025 година се донесе:

О Д Л У К А

за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

  1. Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-744/1 од 18.02.2020 година склучен помеѓу ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XENERGYSUPPLY5 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-744/2 од 20.02.2020 година.

Договорот престанува да важи на ден 25.07.2025 година во 24:00 часот.

  • Се брише учесникот на пазарот – ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XENERGYSUPPLY5 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  • Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
  • Приговор против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување
  • Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.

Образложение:

Операторот на пазар на електрична енергија на ден 18.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XENERGYSUPPLY5.

На ден 11.07.2025 година до ОПЕЕ е испратено од страна на Регулаторна Комисија За Енергетика И Водни Услуги На Република Северна Македонија (РКЕ) Известување со бр. 12-1361/1 од 11.07.2025 година, за лиценци кои престануваат да важат, каде меѓу останатите е наведена и ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со образложение дека не е испочитуван член 297 став (2) и став (5) од Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр.101/25), односно не е поднесено Барање за промена на лиценца.

Операторот на пазар на електрична енергија во периодот, од 11.07.2025 до 22.07.2025 година, активно комуницираше со ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и РКЕ за надминување на новонастанатата ситуација.

На ден 22.07.2025 година ОПЕЕ испрати Известување за престанување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија до ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и РКЕ во кое информираше дека Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи, а се однесува на престанок на важност на лицена за вршење енергетска дејност со евидентен број ЕЕ-ТРГ-88-2012 од 11 април 2012 година. Дополнитено врз основа на наведеното, доколку ОПЕЕ не добие поинакви насоки од РКЕ, договорот ќе престане да важи на ден 25.07.2025 година во 24:00 часот со донесување на одлука за престанок на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија.

Согласно горенаведеното, на ден 22.07.2025 година, од страна на РКЕ, ОПЕЕ прими ново, конечно,  Известување за уредни Барања за промена на лиценца со бр.12-1361/4, каде во листата ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ-М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не е наведена дека доставила уредно Барање, со што МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ на ден 24.07.2025 година одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА: Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ

ИЗВЕСТУВАЊА

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

ОДЛУКА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО СКОПЈЕ – снабдувач со електрична енергија (на ден 29.12.2023г) за период од 01.01.2024-30.06.2024 година

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...

Pin It on Pinterest

Share This