+389 2 3281 020 info@memo.mk

О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – АКСПО МК ДООЕЛ Скопје – 25.07.2025 година

24.07.2025 | Известувања

Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), согласно член 29 став (1) точка 1) од Правилата за пазар на електрична енергија  и член 12 став 1) од Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст – со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 24.07.2025 година се донесе:

О Д Л У К А

за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

  1. Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-12947/3 од 18.02.2020 година и Анекс 1 од 13.12.2024 година склучен помеѓу АКСПО МК ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XEGL-SKOPJE-15 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-773/2 од 20.02.2020 година.

Договорот престанува да важи на ден 25.07.2025 година во 24:00 часот.

  • Се брише учесникот на пазарот – АКСПО МК ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XEGL-SKOPJE-15 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  • Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
  • Приговор против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување
  • Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.

Образложение:

Операторот на пазар на електрична енергија на ден 18.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и Анекс 1 од 13.12.2024 година со АКСПО МК ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4030008035904 и EIC: 33XEGL-SKOPJE-15.

На ден 11.07.2025 година до ОПЕЕ е испратено од страна на Регулаторна Комисија За Енергетика И Водни Услуги На Република Северна Македонија (РКЕ) Известување со бр. 12-1361/1 за лиценци кои престануваат да важат, каде меѓу останатите е наведена и АКСПО МК ДООЕЛ Скопје со образложение дека не е испочитуван член 297 став (2) и став (5) од Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр.101/25), односно не е поднесено Барање за промена на лиценца.

Операторот на пазар на електрична енергија во периодот, од 11.07 до 22.07.2025 година, активно комуницираше со АКСПО МК ДООЕЛ Скопје и РКЕ за надминување на новонастанатата ситуација.

На ден 22.07.2025 година ОПЕЕ испрати Известување за престанување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија до АКСПО МК ДООЕЛ Скопје и РКЕ во кое информираше дека Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи, а се однесува на престанок на важност на лицена за вршење енергетска дејност со евидентен број ЕЕ-ТРГ-37-2009 од 21 октомври 2024 година. Дополнитено врз основа на наведеното, доколку ОПЕЕ не добие поинакви насоки од РКЕ, договорот ќе престане да важи на ден 25.07.2025 година во 24:00 часот со донесување на одлука за престанок на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија.

Согласно горенаведеното, на ден 22.07.2025 година, од страна на РКЕ, ОПЕЕ прими ново, конечно,  Известување за уредни Барања за промена на лиценца со бр.12-1361/, каде во листата АКСПО МК ДООЕЛ Скопје не е наведена дека доставила уредно Барање, со што МЕМО ДООЕЛ – ОПЕЕ на ден 24.07.2025 година одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:

Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.

ИЗВЕСТУВАЊА

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје – снабдувач со електрична енергија

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

Pin It on Pinterest

Share This