No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Во првата половина на 2025 година, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО) постигна значајни резултати во насока на зајакнување на организираниот пазар на електрична енергија и поддршка на енергетската транзиција.
–МЕМО е официјално назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (НЕМО) за наредните четири години – важен чекор за понатамошна интеграција на македонскиот со единствениот европаски пазар на електрична енергија.
-Успешно го реализиравме тргувањето во евра на македонската берза на електрична енергија.
Го зголемивме обемот на тргување на пазарот ден-однапред за повеќе од 40% во однос на првото полугодие на 2024 година.
-Успешно го воспоставивме Регистерот на Гаранции на потекло и веќе издадовме 56.620 гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори.
-Бевме активно вклучени на експертско ниво во работните групи формирани од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини при креирање на новиот Закон за енергетика и нацрт Законот за обновливи извори на енергија.
-Бевме домаќини на важни делегации, меѓу кои и делегацијата на Амбасадата на САД и Секретаријатот на Енергетската заедница, со кои разговаравме за тековните и идните проекти.
Го промовиравме македонскиот пазар на електрична енергија на клучни меѓународни настани:
🔹 30. Атински форум за електрична енергија
🔹 ETCSEE 2025 во Австрија
🔹Форумот за интеграција – EMIF 2025 во Европскиот парламент – Брисел
🔹Годишната конференција на европското здружение на берзи на електрична енергија EUROPEX
Редовно информиравме за нашите активности и клучни индикатори на пазарот на електрична енергија, а во таа насока одржавме и брифинг со новинари во Министерството за енерегетика, рударство и минерални суровини, со цел транспарентност и информирање на јавноста. Продолжуваме со уште поголем фокус и енергија и во месеците кои следат, со визија за модерен, транспарентен и интегриран енергетски пазар.
Прв состанок со тимот на Grexel за воспоставување на издавањето на Гаранции на потекло (GOs), од...
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Националниот оператор на пазар на...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посети...
Во декември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...