No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Динамични и суштински дискусии на 30. Атински форум за електрична енергија, организиран од Секретаријатот на Енергетската заедница. На настанот активно учествуваше делегација на МЕМО предводена од управителот Зоран Ѓорѓиевски, кој зборуваше на панел посветен на важноста од регионалното поврзување на пазарите (market coupling).

Во своето излагање, Ѓорѓиевски потенцираше дека интеграцијата на македонскиот организиран пазар на електрична енергија во Единствениот европски пазар е од стратешка важност за нашата држава.

„Иако поврзувањето пред 2026 веќе не е опција, фокусот мора да се префрли на обезбедување на квалитетна и кредибилна имплементација во период од Q4 2026 до Q1 2027,“ истакна Ѓорѓиевски.
Овој процес носи повеќекратни придобивки:
– Зголемена ликвидност
– Поконкурентни и транспарентни цени
– Зголемени инвестиции во енергетскиот сектор
– Можност за изземање од механизмот CBAM за електричната енергија

Форумот обедини носители на политики, регулатори, професионалци од индустријата и експерти од целиот регион, кои покрај пазарното поврзување дискутираа и за енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори на енергија.
Работна средба во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО со...
Продуктивна средба со Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи во...
https://ceenergynews.com/interviews/modernising-north-macedonias-electricity-market-qa-with-simon-sh...
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...
Во јуни 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...