Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ГРИН ЕНЕРЏИ САПЛАЈ ДООЕЛ Скопје – 31.05.2025
Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 29 став 1 точка 2) од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 2) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 13.05.2025 година се донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-3855/3 од 14.10.2022 година, склучен помеѓу ГРИН ЕНЕРЏИ САПЛАЈ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4058022542721 и EIC: 33XGRRENENERGYSY и МЕМО ДООЕЛ Скопје, РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-3855/4 од 14.10.2022 година.
Договорот престанува да важи на ден 31.05.2025 година во 24:00 часот.
- Се брише учесникот на пазарот – ГРИН ЕНЕРЏИ САПЛАЈ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4058022542721 и EIC: 33XGRRENENERGYSY од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 14.10.2022 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-3855/3 со ГРИН ЕНЕРЏИ САПЛАЈ ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4058022542721 и EIC: 33XGRRENENERGYSY.
На ден 05.05.2025 година учесникот на пазарот на електрична енергија ГРИН ЕНЕРЏИ САПЛАЈ ДООЕЛ Скопје достави Барање за повлекување од пазарот на електрична енергија со датум и време на повлекување од пазарот на 31.05.2025 во 24:00 часот.
МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 13.05.2025 година, согласно член 29 став (1) точка 2) од Правилата за пазар на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА:
Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.
Решение за упис на Виртуелен производител – ОКТА АД -Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ТРЕЛИНГ ДОО Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Список на производители, со EIC и датум на престанок на учество на пазарот на електрична енергија, кои се интегрирале во ВИРТУЕЛЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ на електрична енергија
АДИНГ АД Скопје - ФЕЦ АДИНГ со EIC 33XFEC-ADING-MKM (30.11.2022) БИО ЕНЕРЏИ ДОО увоз-извоз...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
