ETS Client for MEMO (3.6.8)Download MEMO Client Installation (3.6.8)Download ETS Trader Client Guide for MEMO...

МЕМО: Официјално започна тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија
Од денес стартува тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија, како еден од клучните аспекти за успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар.
Успешната имплементација на иницијативата на Одборот за организираниот пазар на електрична енергија на денешниот состанок беше поздравена. Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски истакна дека улогата на Одборот е од голема важност за унапредување на работата на пазарот ден однапред, воведување нови производи, модернизирање и следење на светските трендови во овој домен.
„До сега тргувањето на домашната берза на електрична енергија се реализираше во денари. Од денес за сите 37 компании кои тргуваат на пазарот ден однапред се воведува еврото како валута. На тој начин се отвора патот за пазарно спојување познато како маркет каплинг (market coupling) со берзите на соседните земји и членки на Европската унија, што е исто така приоритет на кој посветено се работи за следните две години, заедно со можноста за воведување на интрадневен пазар на електрична енергија“, истакна Ѓорѓиевски.
Со одборот, претседава Xристина Давидовска од Енерџи Фајненсинг- ТИМ ДООЕЛ Скопје, која на состанокот подвлече дека и понатаму ќе се работи и ќе се следат новитетите кои се од голема важност за унапредување на работата на домашната берза, и осовременување на можностите за тргување со електрична енергија.
„На последниот состанок на Одборот, заклучивме дека процесот на тргување со евра треба да стартува во првиот квартал на 2025 година и тоа од денеска е реализирано. Заедно со стручните тимови во МЕМО разговаравме за идните планови поврзани со пазарното спојување со единствениот европски пазар – маркет каплинг, воведувањето на интрадневен пазар и веруваме дека истите ќе бидат реализирани во рок“, истакна Давидовска.
Членови на одборот на Организираниот пазар на електрична енергија се и Атанас Настев од ГЕН-И, Виктор Делов од Данске Комодитис ДООЕЛ Скопје, Никола Ушинов – ЕВН Македонија, Антонио Ивановски – АД ЕСМ Скопје, Наташа Дограмаџиева – Манева – Енерџи Актив ДООЕЛ Скопје, Љупчо Најдов – Рењувабал Енерџи Суплај РЕС ДОО Скопје, Драган Наумовски- ТЕ-ТО АД Скопје, Иоанис Панагиотопоулис и Владимир Шошолчев – Дуферко МК ДОО Скопје, кои воедно се и учесници на Македонската берза на електрична енергија.
Домашната берза на електрична енергија, речиси две години обезбедува сигурност и релевантни цени за секој час од денот. Ценовниот сигнал од пазарот „ден однапред“ кој го управува МЕМО е клучен индикатор за ефикасно функционирање на електроенергетскиот сектор во нашата земја.
Информација за Националниот оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје
МЕМО е Оператор на пазарот на електрична енергија кој во своето работење интегрира повеќе функции поврзани со управувањето на пазарот со билатерални договори, интегрирањето на обновливите извори на пазарот на електрична енергија, а од 2023 година успешно работи и Македонската берза на електрична енергија. Основањето на Македонската берза за електрична енергија претставува значаен чекор кон модернизирање на енергетскиот сектор.
Првата аукција за тргување со електрична енергија на пазарот ден однапред се одржа на 10 мај 2023 година. Аукциите на пазарот ден однапред се одвиваат на дневна основа. Резултатите од аукцијата се достапни на самата платформа во 10:45 и секојдневно се објавуваат на веб страната на МЕМО.
Во досегашното работење веќе 37 учесници секојдневно тргуваат на домашната берза на електрична енергија и до сега се истргуванисе речиси 1,5 TWh електрична енергија.
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Maj 2025
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМО за нашата земја
На седница на Владата, одржана на 5 јуни 2025 година, Националниот оператор на пазарот на...
МЕМО на Конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2025)
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО учествува на дводневната најпозната...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, мај 2025
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
МЕМО на 30. Атински форум за електрична енергија
Динамични и суштински дискусии на 30. Атински форум за електрична енергија, организиран од...
