No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Националниот оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, организира јавна расправа за правилата за администрирање на Гаранциите за потекло (Guarantees of origin – GOs), која ќе се одржи на 5 март 2025 година, во просториите на МЕРМС.
Гаранција за потекло е електронски документ, чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е производена од обновливи извори на енергија. Гаранциите за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар. МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување.
Јавната расправа ќе ја отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во присуство на претставници на релевантните чинители во секторот енергетика, приватни компании и претставници на стопанските комори.
Во продолжение Агендата во целина.
| АГЕНДА | |
| 10:00 – 10:15 10:15 – 10:25 | Регистрација Обраќање на Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини |
| 10:25 – 10:35 | Обраќање на Зоран Ѓорѓиевски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје |
| 10:35 – 11:05 | Презентација на Правилата за администрирање на гаранциите за потекло |
| 11:05 – 11:30 | Прашања и дискусија |
На линкот e драфт верзијата на Правилата за администрирање на гаранциите за потекло. Доколку имате одредени сугестии/ забалешки, Ве очекуваме да ни ги испратите, најдоцна до 28.2.2025 (петок) до 12:00 часот на е-маил: info@memo.mk.
Работна средба во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО со...
Продуктивна средба со Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи во...
https://ceenergynews.com/interviews/modernising-north-macedonias-electricity-market-qa-with-simon-sh...
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...
Во јуни 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...