Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза –јануари 2025

03.02.2025 | Новости

Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, за тргување со електрична енергија ден однапред, во месец јануари истргувани се вкупно 130. 168 MWh, по просечна цена од 8 819 денари (143 евра)/ MWh.  Согласно податоците за месец јануари, го постигнавме најголемиот истргуван месечен обем на електрична енергија,од старот на македонската берза на електрична енергија на 10 мај 2023, година.

Дневно, во месец јануари, просечно истргувана е електрична енергија од 4.198 MWh.

За време на дневниот пик, во период од 09:00 до 20:00 часот истргувани се 2.297 MWh електрична енергија, по просечна цена од  9 780 денари (159 евра)/ MWh.

Повеќе информации на следниот линк.

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This