ETS Client for MEMO (3.6.8)Download MEMO Client Installation (3.6.8)Download ETS Trader Client Guide for MEMO...

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ФЕВРУАРИ 2024
Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 600,824 GWh. ЕСМ со 369,368 GWh, учествува со најголем процент од 61,5%, потоа следуваат независните производители со 171,064 GWh односно 28,5%, виртуелни производители со 32,112 GWh односно 5,3% повластените производители на електрична енергија со 26,483 GWh односно 4,4%.
Од сопственото производство 78,1% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 469,153 GWh, а 21,9% односно 131,680 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 619,488 GWh, каде од сопственото производство е продадено 469,144 GWh односно 75,7% а од увоз е 150,344 GWh односно 24,3%.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 520,476 GWh, и тоа 64,5% на тарифни потрошувачи, 29,3% на снабдувани потрошувачи, и 6,1 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 99,021 GWh односно 16,0 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 474,199 GWh, каде нето транзитот е 427,051 GWh, а контратрејдингот е 47,148 GWh.
Подетални информации на следниот линк: Извештаи | Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО (memo.mk)
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Maj 2025
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМО за нашата земја
На седница на Владата, одржана на 5 јуни 2025 година, Националниот оператор на пазарот на...
МЕМО на Конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2025)
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО учествува на дводневната најпозната...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, мај 2025
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
МЕМО на 30. Атински форум за електрична енергија
Динамични и суштински дискусии на 30. Атински форум за електрична енергија, организиран од...
