ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ОКТОМВРИ 2026

16.11.2026 | Новости

Во октомври 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 468 GWh.

На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 552 GWh, од кои ЕСМ со 240 GWh учествува со најголем процент од 43.5%, а потоа независните производители со 184 GWh, односно 33.4%, следуваат агрегаторите 97 GWh или 17.5%, производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 31 GWh, односно 5.6%.

Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката, во октомври 2026 година изнесува 100%.

Подетални информации на следниот  линк https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

2024: Година за паметење

Како што се приближува крајот на годината, се осврнуваме на 2024, која за сите нас во МЕМО беше...

Pin It on Pinterest

Share This