No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2026 година ги нотира реализираните цели во областа на енергетиката, издвојувајќи повеќе значајни чекори во насока на усогласување со европското законодавство и енергетските политики.
Во делот на внатрешниот пазар на електрична енергија, истакнати се две значајни активности на МЕМО ДООЕЛ Скопје:
Дополнителен чекор во развојот на овој сегмент од пазарот е направен на 28 октомври годинава, кога МЕМО официјално ја започна трговијата со гаранции за потекло, отворајќи нови можности за развој на пазарот и поттикнување на производството и потрошувачката на електрична енергија од обновливи извори.
МЕМО продолжува со активностите за понатамошно усогласување со европските стандарди и интеграција на домашниот пазар со европскиот енергетски пазар. Во таа насока, од 19 ноември 2026 година се воведуваат и негативните цени на пазарот на електрична енергија.
Ова претставува нова пазарна реалност за учесниците на пазарот и отвора дополнителни можности за поефикасно искористување на произведената електрична енергија, развој на флексибилноста, подобро управување со производството и потрошувачката, како и понатамошна интеграција со европските пазари.
Овие активности се дел од континуираниот процес на модернизација и унапредување на електроенергетскиот пазар во нашата земја.
Покрај оперативните и пазарните активности, МЕМО активно учествува и во процесите на подготовка, унапредување и усогласување на законската регулатива во енергетскиот сектор. Со својата стручна експертиза, искуството во функционирањето на пазарот на електрична енергија и соработката со Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, МЕМО придонесува кон креирање регулаторна рамка усогласена со европските стандарди, која овозможува понатамошен развој и интеграција на домашниот енергетски пазар.
Напредокот нотиран од Европската комисија, вклучително и усвојувањето на Законот за обновливи извори на енергија е дел од поширокиот процес на енергетска трансформација во кој МЕМО придонесува со својата експертиза и учество во развојот на секторот.
МЕМО продолжува со активности и иницијативи насочени кон развојот на пазарот, воведување нови пазарни механизми и понатамошно усогласување со европските стандарди.
Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2026 година
Во септември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Енергетската транзиција, интеграцијата на обновливите извори на енергија, зголемената потреба од...
Во август 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Со гордост го претставуваме првиот број на нашиот квартален електронски весник „МЕМО Инфо“, кој ќе...