No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

29 септември 2026, Брисел -Во организација на Комитетот на сите номинирани оператори на пазарот на електрична енергија во Европа (All NEMO Committee), се одржа четвртата годишна конференција, на која учествува генералниот директор на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски.

Конференцијата ги обедини клучните чинители од европските пазари на електрична енергија, вклучително и претставници од Европската Унија и договорните страни на Енергетската заедница од Западен Балкан, со цел размена на искуства и дискусија за понатамошниот развој и интеграција на европскиот електроенергетски пазар. Претседавачот на Комитетот, Рафаел Гомез-Елвира Гонзалес, со поздравно обраќање ја отвори конференцијата.
Во фокусот на дискусиите беа актуелните процеси и предизвици што го обликуваат европскиот пазар на електрична енергија, меѓу кои и примената на 15-минутниот период на пазарно време (MTU) на пазарите „Ден однапред“, како и неговото целосно воведување во Intraday пазарот.
Преку панел-дискусиите беа разменети ставови и експертски согледувања за иднината на европските пазари на електрична енергија, понатамошната интеграција на пазарите и унапредувањето на механизмите за прекугранично тргување.
Учеството на МЕМО на вакви меѓународни настани претставува можност за активно следење на европските трендови, размена на искуства и придонес кон процесите за понатамошна интеграција на пазарот на електрична енергија.
Во ноември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Македонската берза на електрична енергија продолжува да расте и да се зацврстува. Добредојде за...
Пишува - Денко Рaфајловски, Раководител на Служба за обновливи извори на енергија Национален...
Во октомври 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...