МЕМО во Париз на работните состаноци за Гаранции за потекло, организирани од AIB – Association of Issuing Bodies

28.09.2026 | Новости

Претставници на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, минатата недела учествуваа на работните состаноци за Гаранции за потекло на електрична енергија, кој се одржа во Париз, во организација на AIB – Association of Issuing Bodies, чија полноправна членка е МЕМО.

Во рамки на состаноците беа разгледани повеќе значајни теми за понатамошниот развој и унапредување на системот на Гаранции за потекло, меѓу кои:

🔹 трансферите преку Hub-от и достапноста на податоци за фактичкиот увоз и извоз во речиси реално време;
🔹 усогласувањето на EECS Rules со стандардите на CEN;
🔹 имплементацијата на измените и нивното влијание врз функционирањето на одделните домени;
🔹 издавањето на Гаранции за потекло со ниво на дисеминација 1 и нивното вклучување во пресметката на енергијата достапна за тргување;
🔹 унапредувањето на комуникацијата и размената на информации во рамки на AIB;
🔹 дефинирање на приоритетите и нивно преточување во конкретни активности и практичен акциски план.

МЕМО продолжува со активно учество во европските процеси и развојот на системот на Гаранции за потекло.

Досега МЕМО има издадено над 850.000 Гаранции за потекло на електрична енергија, што претставува значаен чекор во развојот на системот за следење и потврдување на потеклото на електричната енергија.

Следи, воведувањето на аукциите за Гаранции за потекло на електрична енергија, со што ќе се создадат дополнителни можности за транспарентно и организирано тргување со Гаранциите за потекло.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This