МЕМО учествува на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“ во организација на ЗЕМАК

24.09.2026 | Новости

24 септември 2026 ,Струга – Претставници на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и генералниот директор Зоран Ѓорѓиевски, учествуваат на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“, во организација на Здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК.

Конференцијата ја отвори заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ, заедно со претседателот на ЗЕМАК, Борко Алексоски.

Дводневната конференција ги обединува домашните и меѓународните експерти од енергетскиот сектор и е посветена на актуелните предизвици, современите технологии и идниот развој на енергетиката.

Во рамки на конференцијата, МЕМО ќе презентира стручен труд, во областа на пазарите на електрична енергија, придонесувајќи кон размената на знаења, искуства и идеи за развојот на современите енергетски пазари.

Тематските области на конференцијата ги опфаќаат предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, со посебен фокус на современите технологии, енергетската транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и одржливиот развој.

Преку пленарните сесии и дискусиите, конференцијата претставува платформа за размена на искуства и идеи, идентификување на соодветни механизми за справување со предизвиците во земјата и регионот, како и зајакнување на соработката во енергетскиот сектор.

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This