МЕМО ДООЕЛ Скопје на состанок во Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

14.09.2026 | Новости

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, учествуваше на состанок во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, посветен на разгледување на ревизорските извештаи во институциите и компаниите поврзани со енергетскиот сектор.

Состанокот го водеше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска- , а од страна на МЕМО присуствуваше генералниот директор Зоран Ѓорѓиевски.

„Ревизорските извештаи се значаен инструмент за подобрување на институционалните капацитети, унапредување на работењето и обезбедување поголема транспарентност и ефикасност, а воедно и за понатамошно јакнење на довербата во институцијата. Продолжуваме и понатаму да ги унапредуваме процесите согласно најдобрите практики“, истакна Ѓорѓиевски.

На состанокот присуствуваа и претставници на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви – МАКОРА, АД МЕПСО и АД НОМАГАС Скопје.

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This