Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....

Реализација на целите на МЕМО во првите 6 месеци од годината
Во првата половина од годината, МЕМО ДООЕЛ Скопје продолжи со континуиран развој и модернизација на македонскиот пазар на електрична енергија, со фокус на поголема транспарентност, ефикасност и унапредување на пазарните механизми.
Клучни резултати и постигнувања
Успешно е воспоставен и стартуван Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), кој овозможува:
• поефикасно тргување со електрична енергија
• подобро балансирање на системот
• поголема флексибилност за учесниците
На пазарот активно учествуваат 21 учесник, што го потврдува неговиот континуиран раст.
МЕМО стана полноправна членка на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), со што се зајакнува интеграцијата во европскиот систем на гаранции за потекло и се унапредува транспарентноста на зелената енергија.
Од април 2025 година до денес се издадени над 500.000 гаранции за потекло од обновливи извори на енергија, како значаен придонес кон одржливиот енергетски развој.
МЕМО активно соработуваше со институциите и европските партнери преку:
• работни средби со Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
• состаноци со Energy Community
• јавна расправа за пазарните правила и работилница за Intraday Market
• дискусии за CBAM и регионална интеграција на пазарите
Меѓународно присуство:
МЕМО учествуваше на повеќе значајни форуми и настани:
• BEF 2026 – Белград
• EMIF 2026 – Брисел
• Генерално собрание на AIB – Атина
• 31-от Форум за електрична енергија – Атина
• МЕФ 2026 – Скопје
Благодарност до Влада, Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, како и до сите институционални и меѓународни партнери за континуираната поддршка и соработка.
МЕМО продолжува да ја зајакнува својата улога како модерен, транспарентен и европски ориентиран оператор на организираниот пазар на електрична енергија.
Второ издание на електронскиот весник „МЕМО Инфо“
Во фокус на второто издание на електронскиот весник „МЕМО Инфо“ на Националниот оператор на пазар...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НОЕМВРИ 2025
Во ноември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
CBAM ја тестира пазарната интеграција и зелените инвестиции
Пишува: Зоран Ѓорѓиевски, управител на МЕМО Овој текст одразува личен став и претставува обид...
Македонска делегација во Белград: Фокус на регионалната енергетска соработка и европска интеграција
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања...
НОВА ЕТАПА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР-АД ЕСМ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ И УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Пишува Ана Мешко, дипломиран електроинженер, Раководител за планирање и анализа на возни редови и...
