+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, МАРТ 2026

20.04.2026 | Новости

Во март 2026 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 562 GWh.

На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 505 GWh, од кои ЕСМ со 300 GWh учествува со најголем процент од 59.5%, а потоа следуваат агрегаторите 102 GWh или 20.2%, независните производители со 58 GWh, односно 11.5%, производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 45 GWh, односно 8.8%.

Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката, во март 2026 година изнесува 89.9%.

Подетални информации на следниот  линк https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This