На 22 Април – Започнува процесот на регистрација на пазарот во тековниот ден

17.04.2026 | Новости

Почитувани учесници на пазарот на електрична енергија,

Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, со задоволство ве информира дека од 22 април 2026 година официјално започнува процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday market).

Овој чекор е од клучно значење за финализирање на подготовките пред официјалниот почеток на пазарот во мај годинава. Интрадневниот пазар ќе им овозможи на учесниците дополнителна флексибилност, поголема прецизност во балансирањето на портфолијата и тргување во реално време, што претставува суштински предуслов за модерно и ефикасно работење.

Ги покануваме сите заинтересирани страни да ја преземат потребната документација и да пристапат кон процесот на регистрација. Со навремено поднесување на пријавите, обезбедувате целосна подготвеност за активно учество во првите трансакции на новиот сегмент на пазарот.

Барањето за регистрација може да го преземете на следниот линк


НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This