No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Пишува: Никола Стојанов, аналитичар
Интрадеј пазарниот сегмент на нашата берза за струја ќе биде одлична можност за анулирање или барем значајно намалување на ризикот поточно трошокот за дебаланси за сите активни учесници на пазарот.
Интрадеј тргувањето ќе им даде прилика за „пеглање на непланираните отстапувања“ во тек на денот поточно непосредно пред испорака односно прием на истргуваната струја. Овој пазарен сегмент на МЕМО ќе биде отворена врата за подобрување на ефикасноста во работата преку можноста за кратење на трошокот за дебаланс за сите кои се „кратки“ односно им недостига струја или на оние што непланирано создале „вишок“. Можноста што наскоро ќе ја понуди МЕМО ќе биде големо олеснување во планирањето на сите учесници на пазарот, а воедно ќе ја подобри и пазарната конкурентност пред се на ветерните паркови за производство на струја чија енергија се продава на берзата за струја.
Со овој сегмент на тргување македонската берза за струја дополнително ќе ја зголеми релевантноста на ценовните сигнали, ќе го зголеми обемот на тргување и ќе даде значаен придонес за подобрување на профитабилноста на сите учесници на организираниот пазар. Интрадеј пазарот на електрична енергија е следната новина која е на агендата на амбициозниот и успешен тим на вработените и раководството на МЕМО која се очекува по успешната имплементација на пазарниот сегмент Ден однапред (Day ahead). Интрадеј пазарот на електрична енергија е пазарен сегмент што пред се e отворена можност за намалување на трошоците на учесниците на пазарот.
Што всушност во крајна линија преку зголемување на нивната ефикасност во работата со намалување на оперативниот ризик со кратење на трошоците ќе придонесе за крајната цел – подобрување на профитабилноста во
работењето на снабдувачите, производителите и потрошувачите на електрична енергија.
Народски кажано, Интрадеј пазарниот сегмент е „последна шанса“ за сите учесници на пазарот да купат или продадат струја во текот на денот на испорака и со тоа да го избегнат трошокот за балансирање како неминовна корекција за сите кои отстапуваат од најавените количества на предадена или превземена електрична енергија на дневно ниво во националниот електропреносен систем.
Електроенергетскиот систем работи во реално време и отстапувањата се нераскинлив дел од природата на неговата тековна работа. Токму поради тоа што се работи за технолошки процеси на производители, снабдувачи и
потрошувачи на струја во реално време секогаш постојат ризици од објективни или непланирани испади или дефекти поради кои не можат да се реализираат номинираните количества на електрична енергија предадена
или примена од преносниот или дистрибутивните системи на електрична енергија.
Токму заради тоа што станува збор за жива материја секогаш може да се случи дефект на постројка, испад на машина потрошувач на електрична енергија. Објективно постојат ситуации во кои продавачот не може да ја испорача или купувачот не може да прими целата продадена електрична енергија во договорениот термин поради објективни причини кои не ги планирал или не можел да влијае врз нив.
А во вакви ситуации трошокот е голем. Затоа што се губи планирано производство, што може да значи активирање гаранции и поврзани трошоци, а згора на тоа се прави и дебаланс во електроенергетскиот систем за кој се плаќа пенализација.
Затоа што системот (односно МЕПСО како оператор на националниот електропреносен систем) во случаи на дебаланс мора да обезбеди струја за националните потреби и за тоа плаќа пенали пред регионалниот координациски центар на национални електроенергетски систем оператори.
Интрадеј пазарниот сегмент на нашата берза за струја е одлична можност за анулирање на овој ризик од дебаланси. Затоа што овозможува на сите кои се „кратки“ односно им недостига струја или на оние што непланирано
создале „вишок“ да можат да извршат купопродажба не ден однапред туку во тек на денот на потребата и тоа непосредно пред зададениот временски интервал. Со интрадеј тргувањето пенализацијата за дебаланси може да
биде многу помала и поретка главоболка за сите кои тргуваат со електрична енергија без разлика дали продаваат или купуваат.
За сите регистрирани учесници на организираниот пазар на МЕМО овој пазарен систем во крајна линија значи можност за подобрување на профитабилноста преку опцијата за кратење или целосно избегнување на ризикот со трошоците за дебаланс. Тоа за нив значи поголема ефикасност во работењето која е предуслов за подобра профитабилност која е крајна цел на сите комерцијални субјекти кои учествуваат на организираниот пазар
на електрична енергија.
Можноста што наскоро ќе ја понуди МЕМО воедно ќе ја подобри и пазарната конкурентност пред се на ветерните паркови за производство на струја чија енергија се продава на берзата за струја. Нивната понуда на електрична енергија пазарот со Интрадеј сегментот ќе ја апсорбира во многу поголема мерка од тоа што сега, заради природата на неговата работа, го нуди Дејахед сегментот.
Во крајна линија Интрадеј сегментот ќе ја подобри и понудата на МЕМО односно на организираниот пазар на електрична енергија. Затоа што овој пазарен сегмент ќе го зголеми обемот на истргувана енергија преку берзата за струја, ќе придонесе за зголемување на релевантноста и репутацијата на организираниот пазар за електрична енергија.
Во март 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Во рамки на Националниот оператар на пазарот на електрична енергија - МЕМО, формиран е Одбор за...
МЕМО го поздравува учеството на АЛПИК_Скопје и на Енерџи Суплај-М ДООЕЛ Скопје, на организираниот...
Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
МЕМО го поздравува учеството на Енерџи Суплај-М ДООЕЛ Скопје, на организираниот пазар на...