No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје одржа јавна расправа за Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија, како и работилница посветена на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), чиј почеток е планиран за 6-ти Мај годинава.
На настанот учествуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, ЕВН, ЕСМ, како и компании – снабдувачи, трговци и производители на електрична енергија. Присуството на сите релевантни чинители овозможи конструктивна дискусија и размена на мислења за клучните аспекти од функционирањето на организираниот пазар.
Настанот го отвори директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, кој ја истакна посветеноста на институцијата кон развој на ефикасен, транспарентен и конкурентен пазар на електрична енергија, во согласност со европските практики и стандарди.

„Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е од клучно значење за зголемување на флексибилноста и ефикасноста на тргувањето со електрична енергија, особено во услови на зголемено учество на обновливите извори. Овој пазар им овозможува на учесниците навремено да ги прилагодат своите позиции, што директно придонесува кон намалување на дебалансите и оптимизација на трошоците“, истакна Ѓорѓиевски.
Во своето обраќање тој посочи и дека во јануари годинава е потпишан договор со словенечката енергетска берза BSP Energy Exchange, како избран економски оператор за обезбедување услуги на трговска платформа и клиринг за пазарите ден-однапред и во тековниот ден.
За Правилата за работа на организираниот пазар говореше Митко Огненоски, раководител на оддел за обновливи извори на енергија и организиран пазар на електрична енергија, истакна дека тие ги уредуваат условите за тргување, клиринг и порамнување, како и оперативните правила, кодексот на однесување и процесот на регистрација на учесници, со цел обезбедување високо ниво на транспарентност, сигурност и ефикасност на пазарот.

Во рамки на работилницата, претставниците на BSP, Матеј Годец и Таи Каштрун, го презентираа софтверското решение кое овозможува тргување во речиси реално време, како и практичните аспекти од функционирањето на пазарот во тековниот ден.

Овие активности се дел од пошироките напори за понатамошен развој и интеграција на македонскиот пазар на електрична енергија во регионалниот и европскиот пазар, во пресрет на официјалното стартување на Intraday пазарот во мај годинава.

Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО учествува на дводневната најпозната...
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Динамични и суштински дискусии на 30. Атински форум за електрична енергија, организиран од...
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа брифинг за медиумите за...
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...