Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 20...
О Д Л У К А за Суспензија и раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 09.03.2026 година
Врз основа на Законот за енергетика член 116 став (3) точка 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 6 став (4) точка 2) и член 27 став (1) точка 4) од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија, член 10 став 4) и од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 09.03.2026 година се донесе:
О Д Л У К А
за Суспензија и раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука се изрекува Суспензија и престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-686/1 од 13.02.2020 година и Анекс 1 кон истиот со арх.бр.09-7504/2 од 29.07.2024 година, склучен помеѓу ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4080014544990 и EIC: 33XELNORSUPPLY-9 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-686/2 од 20.02.2020 година.
Договорот престанува да важи на ден 09.03.2026 година во 24:00 часот. - Се брише учесникот на пазарот – ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4080014544990 и EIC: 33XELNORSUPPLY-9 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 28 став 3 од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 27 став 4 од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 13.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-686/1 од 13.02.2020 година и Анекс 1 кон истиот со арх.бр.09-7504/2 од 29.07.2024 година со ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4080014544990 и EIC: 33XELNORSUPPLY-9.
На ден 28.11.2025 година од страна на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, во чија балансна група припаѓа ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување дека снабдувачот нема активен склучен билатерален договор за набавка на електрична енергија за испорака до своите снабдувани потрошувачи со почеток од 01.12.2025 година заради финансиски потешкотии и нема намера да продолжи со снабдување на своите потрошувачи.
Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 1 точка 4 и став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија МЕМО на ден 28.11.2025 година донесе ОДЛУКА за времена суспензија на учесникот ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје со почеток од 01.12.2025 година.
Како член на балансна група на ГРИН ГРИД ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, учесникот ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со почеток од 01.12.2025 година останa без регулирана балансна одговорност и без право да доставува номинации на пазарот на електрична енергија, за што истиот ден МЕМО донесе Решение за опомена пред суспензија со рок за отстранување на причините заклучно со 09.12.2025 година.
До ден 09.12.2025 година учесникот ЕЛНОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не ги отстрани причините за донесеното Решение за опомена пред суспензија и МЕМО донесе ОДЛУКА за суспензија на ден 09.12.2025 година со арх.бр.0906-16368/2 за период од 10.12.2025 до 09.03.2026 година.
МЕМО ДООЕЛ Скопје со оваа Одлуката за суспензија даде можност учесникот на пазар на електрична енергија доколку ги отстрани причините за суспензијата пред завршување на периодот, Суспензијата да биде запрена и да отпочне со активно учество на пазарот на електрична енергија.
На ден 05.03.2026 година по електронска комуникација МЕМО го потсети учесникот дека е потребно да ја регулира балансната одговорност со цел исполнување на условите за учество на пазарот на електична енергија. До ден 09.03.2026 година учесникот не достави документ за регулирање на балансната одговорност со што МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 09.03.2026 година, согласно член 6 став (4) точка 2) и член 27 став 1 точка 4) од Правилата за регистрација на учество пазар на електрична енергија и член 10 став 4) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 31.10.2025 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје – 31.10.2025 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје (01.08.2025 – 31.10.2025)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (01.08.2025 – 31.10.2025)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 24.07.2025 година
Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република...
