Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија достапен и на македонски јазик

26.02.2026 | Новости

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје го направи Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија достапен и на македонски јазик, со што дополнително се олеснува користењето на системот за сите домашни учесници на пазарот.

Од април 2025 година, кога МЕМО успешно го воспостави Регистарот во соработка со Grexel, издадени се над 190 илјади Гаранции за потекло за 20 компании, како потврда дека користат електрична енергија произведена од обновливи извори.

Сѐ поголем број компании се приклучуваат кон Регистарот, што претставува важен чекор во градењето на транспарентен и современ енергетски пазар во земјата. Преку овој систем, МЕМО обезбедува усогласеност со националните и европските регулативи, одржувајќи сигурна и стандардизирана платформа за издавање, пренос и активирање на гаранциите за потекло.

„Континуираното зголемување на бројот на издадени гаранции и интересот од компаниите ја потврдуваат важноста на овој механизам за развојот на зелениот пазар на електрична енергија. Нашата цел е да обезбедиме транспарентен, сигурен и европски усогласен систем кој ќе им помогне на компаниите во исполнување на нивните цели за одржливост“, вели Денко Рафајловски, раководител на служба за обновливи извори на енергија.

Воспоставувањето и развојот на Регистарот претставува значаен придонес кон зголемување на довербата во потеклото на електричната енергија од обновливи извори, како и поддршка на компаниите во исполнување на нивните цели за одржливост и зелена транзиција.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This