ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НОЕМВРИ 2025

16.12.2025 | Новости

Во ноември 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 504 GWh.

На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 533 GWh, од кои ЕСМ со 250 GWh учествува со најголем процент од 46.9%, а потоа следуваат независните производители со 191 GWh, односно 35.9%, виртуелни производители со 47 GWh или 8.8%, и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 45 GWh, односно 8.4%.

Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето- потрошувачката, во континуитет од мај до ноември годинава изнесува 100%.

Подетални информации на следниот  линк https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This