No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Пишува: Зоран Ѓорѓиевски, управител на МЕМО
Овој текст одразува личен став и претставува обид македонската позиција да се прикаже на аргументиран начин – со почит кон европските цели, но и со јасна порака дека примената на CBAM мора да биде правична, пропорционална и со прецизни временски фази на реализација.
Механизмот на ЕУ за прилагодување на границите на јаглеродот (CBAM), кој треба да започне да се применува од 1 јануари 2026 година, претставува еден од најамбициозните инструменти во европскиот климатски пакет. Неговата цел – создавање еднакви услови за конкуренција меѓу индустриите во Европската Унија и оние надвор од Унијата – на теоретско ниво е оправдана и логична. Сепак, примената на CBAM врз електричната енергија во региони како нашиот, каде што пазарните и регулаторните услови сè уште се во фаза на трансформација, отвора сериозни ризици и предизвици кои заслужуваат внимателна проценка. Ова особено ако се има предвид дека во изминатите години се бележи зголемен обем на инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ), придружен со амбициозни планови за нивно понатамошно проширување преку активна институционална поддршка.
Ризици за организираниот пазар на електрична енергија
За Македонија, која вложи значителни напори во развојот на организираниот пазар на електрична енергија – кој во моментов функционира на ниво ден-однапред, а од следната година и на ниво на тековниот ден – како и во неговото постепено интегрирање со единствениот европски пазар, примената на CBAM може да создаде структурна нерамнотежа.
Промените во структурата на производството на електрична енергија и цените постигнати на европските пазари во изминатите години покажуваат висока волатилност, која е дополнително изразена кај пазарите со слична големина како нашиот, пред сè поради ограничената ликвидност и специфичностите на производниот микс. Воведувањето дополнителна јаглеродна компонента, базирана на индиректни методологии за верификација, може да внесе дополнителна непредвидливост и да ја намали конкурентноста на домашните производители од ОИЕ.
Истовремено, оптоварувањето на извозот со CBAM може да создаде притисок во часовите на низок конзум и зголемено производство од ОИЕ – периоди во кои е концентриран и најголемиот дел од извозот на електрична енергија од нашата земја. Ова може да доведе до парадоксална состојба во која токму производителите од ОИЕ би биле приморани да го ограничат или прекинат производството со цел да ги избегнат трошоците за дебаланс.
Иако првичните анализи покажуваат дека првично можеме да очекуваме зголемен обем на тргување на пазарот ден-однапред, неможноста целокупното производство да биде пласирано преку организираниот пазар ќе ги поттикне пазарните учесници да бараат алтернативни канали, што има потенцијал да го наруши развојот на транспарентен и конкурентен пазар и да доведе до намалување на ликвидноста во тргувањето. За млад пазар како нашиот, кој само во последната година бележи значаен раст на ликвидноста од над 40% и рекорден број активни учесници, ова може да претставува реално забавување на развојниот импулс.
Енергетската криза од периодот 2021–2023 година недвосмислено покажа дека сигурноста на снабдувањето и ценовната стабилност не можат да се обезбедат без функционални, ликвидни и инвестиционо атрактивни пазари на електрична енергија. Во такви услови, примената на CBAM врз електричната енергија, без земање предвид на специфичностите на организираните пазари во земјите надвор од ЕУ, може да има спротивен ефект – намалување на ликвидноста, зголемување на неизвесноста и одложување на инвестициите во обновливи извори.
Ова е особено значајно ако се има предвид дека интеграцијата на регионот во единствениот европски пазар е забавена поради низа објективни и субјективни фактори, како во земјите договорни страни на Енергетската заедница, така и во самата ЕУ, и дека таа не може да се одвива со исто темпо како имплементацијата на CBAM. Овие различни брзини на движење на два меѓусебно поврзани механизми – пазарното поврзување и CBAM – го доведуваат под знак прашање и суштинскиот мотив за постоење на Енергетската заедница, односно интеграцијата на пазарите на електрична енергија. Оттука, станува јасно дека воведувањето на CBAM, без соодветен напредок во процесот на пазарна интеграција со ЕУ, создава структурна нерамнотежа, при што земјите од Енергетската заедница се изложени на дополнителни трошоци без да ги уживаат целосните придобивки од интегриран пазар. Затоа, забрзувањето на пазарното поврзување и соодветно усогласување на почетокот на примена на CBAM, претставува клучен предуслов за ублажување на економските и инвестициските ефекти од примената на CBAM.
Потенцијално забавување на инвестициите во обновливи извори
Иако CBAM теоретски треба да поттикне зелени инвестиции, во пракса постои ризик да го има спротивниот ефект врз веќе реализираните проекти, пред сè поради сезонските и дневните карактеристики на производството од ОИЕ и ограничените капацитети за складирање на електрична енергија.
Оваа состојба може да изврши сериозен притисок врз изворите на финансирање на ОИЕ проектите, изложувајќи ги на зголемен кредитен ризик, особено кај оние проекти кај кои очекуваниот поврат на инвестицијата (ROI) е доведен во прашање поради ефектите од CBAM. Овде не навлегуваме во реалноста на очекувањата што ги создаде енергетската криза, кога екстремниот раст на цените на електричната енергија дополнително ги искриви инвестициските проекции.
Дополнително, македонската енергетска транзиција во голема мера зависи од приватниот капитал и од стратегиските инвеститори, кои очекуваат стабилно, предвидливо и конкурентно пазарно окружување. Прерано и недоволно калибрирано воведување на CBAM за извозот на електрична енергија од страна на ЕУ може да создаде перцепција за зголемен регулаторен ризик, што би можело да резултира со одложување или пренасочување на инвестициите кон други пазари.
Потреба од транзициски период и регионална координација
И покрај наведените предизвици, важно е да се нагласи дека Македонија ги поддржува целите на европската декарбонизација и веќе вложува значителни напори за усогласување со политиките на ЕУ. Она што е неопходно е обезбедување на соодветен транзициски период, кој ќе биде усогласен со динамиката на интеграција во единствениот европски пазар.
Таквиот транзициски период би ѝ овозможил на домашната индустрија и на енергетскиот сектор постепено да се прилагодат, без притоа да се компромитираат веќе воспоставените пазарни инструменти и тековните инвестиции.
Регионалниот контекст е подеднакво важен. Електроенергетските системи на Западен Балкан се силно меѓусебно поврзани, а ризикот од дестабилизација во една земја лесно може да се прелее и во другите. Затоа, неопходно е Европската комисија да размисли за модел кој ќе ги наградува реформите, ќе го поддржи постепеното напуштање на јагленот и ќе овозможи интеграција на пазарите на електрична енергија без создавање нови бариери.
Каде оди пазарот?
Иако CBAM има јасна климатска и економска логика, останува прашањето дали неговата примена во овој момент е усогласена со реалноста во земјите од Енергетската Заедница. Македонија покажува јасна посветеност: ликвидноста на пазарот расте, обновливите извори се развиваат динамично, а се преземаат и конкретни чекори кон пазарно поврзување со ЕУ. Преголема ригидност во примената на CBAM би можела да ја наруши оваа позитивна траекторија.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Националниот оператор на...
Во април 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Управителот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, Зоран...
Во април 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...