Македонска делегација во Белград: Фокус на регионалната енергетска соработка и европска интеграција

13.12.2025 | Новости

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, реализираа работна посета на Белград на покана на српската министерка за рударство и енергетика,  Дубравка Џедовиќ Хандановиќ. Во состав на македонската делегација беа претставници од министерството, управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, како и раководствата од Номагас и МЕПСО.

Покрај клучните инфраструктурните проекти, на состаноците беа отворени и важни теми поврзани со иднината на енергетиката и интеграцијата на регионалните пазари. Беше истакната потребата од координирани напори за одложување на примената на CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism), кој во сегашната форма може да има сериозно негативно влијание врз инвестициите во обновливи извори на енергија во Македонија, врз нормалното функционирање на берзата на електрична енергија, како и врз процесот на интеграција на македонскиот пазар со пазарот на Европската Унија.

Дополнително, беше нагласена важноста од забрзување на интеграцијата на пазарот на електрична енергија во европскиот пазар, како клучен чекор кон посилен, поликвиден и поинтегриран регионален енергетски пазар.

Посетата заврши со заедничка определба за продолжување на интензивната институционална и техничка соработка, со цел зајакнување на енергетската стабилност, сигурноста и регионалната интеграција, во интерес на граѓаните и економијата на двете земји и поширокиот регион.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This