No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, реализираа работна посета на Белград на покана на српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Џедовиќ Хандановиќ. Во состав на македонската делегација беа претставници од министерството, управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, како и раководствата од Номагас и МЕПСО.

Покрај клучните инфраструктурните проекти, на состаноците беа отворени и важни теми поврзани со иднината на енергетиката и интеграцијата на регионалните пазари. Беше истакната потребата од координирани напори за одложување на примената на CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism), кој во сегашната форма може да има сериозно негативно влијание врз инвестициите во обновливи извори на енергија во Македонија, врз нормалното функционирање на берзата на електрична енергија, како и врз процесот на интеграција на македонскиот пазар со пазарот на Европската Унија.

Дополнително, беше нагласена важноста од забрзување на интеграцијата на пазарот на електрична енергија во европскиот пазар, како клучен чекор кон посилен, поликвиден и поинтегриран регионален енергетски пазар.
Посетата заврши со заедничка определба за продолжување на интензивната институционална и техничка соработка, со цел зајакнување на енергетската стабилност, сигурноста и регионалната интеграција, во интерес на граѓаните и економијата на двете земји и поширокиот регион.
Во април 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Управителот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, Зоран...
Во април 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Во март 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...