Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје – 31.10.2025 година
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 20 став 4 точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 3) и став 6) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 31.10.2025 година се донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-6203/1 од 24.10.2023 година и Анекс 1 со арх.бр. 09-9428/1 од 23.09.2024 година, склучен помеѓу АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080020590260 и EIC: 33XMKAOTENERGY1G и МЕМО ДООЕЛ Скопје РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-2271/4 од 27.06.2022 година.
Договорот престанува да важи на ден 31.10.2025 година во 24:00 часот.
- Се брише учесникот на пазарот – АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080020590260 и EIC: 33XMKAOTENERGY1G од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 24.10.2023 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-6203/1 и Анекс 1 со арх.бр. 09-9428/2 од 23.09.2024 година со АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080020590260.
На ден 23.07.2025 година од АД МЕПСО Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување со арх бр во АД МЕПСО 09-4226 од 17.07.2025 година, и во МЕМО со арх бр. 09-9942/1 од 23.07.2025 година, според кое Договорот за балансна одговорност потпишан помеѓу АД МЕПСО Скопје и АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со архивски број 09-2710/2 од 16.05.2022 година се смета за раскинат на 01.08.2025 година во 00:00 часот.
Врз основа на ова Известување, а согласно член 28 став 3 и 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ – МЕМО ДООЕЛ, на ден 24.07.2025 година, на учесникот на пазар на електрична енергија АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје му изрече Опомена пред суспензија со арх. бр. 0906-9990/1, во кое му укажа на учесникот дека со раскинувањето на Договорот за балансна одговорност со ОЕПС – АД МЕПСО, останува без регулирана балансна одговорност односно го губи правото за учество на пазарот на електрична енергија и му даде рок заклучно со 29.07.2025 година да ги отстрани причините за опомената.
Учесникот на пазар на електрична енергија, АОТ ЕНЕРЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, не постапи по барањето на ОПЕЕ нотирано во Опомената за суспензија, односно до рокот кој е наведен да ја регулира балансната одговорност со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 30.07.2025 година донесе Одлуката за суспензија за период од 01.08.2025 до 31.10.2025 година.
На ден 17.10.2025 година по електронска комуникација МЕМО го потсети учесникот дека е потребно да ја регулира балансната одговорност со цел исполнување на условите за учество на пазарот на електична енергија.
МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 31.10.2025 година, согласно член 20 став 4 точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија и член 12 став 3) и став 6) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на ее и бришење на учесник на пазарот од РУП – САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија (пресметка за 2022 година)
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на...
