МЕМО ДООЕЛ Скопје учествува на 14. Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој

28.10.2025 | Новости

Делегација на МЕМО ДООЕЛ Скопје учествува на 14. Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, собир кој обединува над 500 учесници од 70 земји од целиот свет. Денеска, утре и задутре ќе се оджуваат панел сесии за енергетската транзиција, за технологијата, за пазарите, но пред сè, за луѓето зад таа транзиција, за начинот на кој живееме, за начинот на кој произведуваме енергија и на кој соработуваме за да обезбедиме енергетска сигурност на 14. Меѓународен форум за енергетика за одржлив развој насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, што се одржува во Скопје.

Настанот претставува одлична можност за размена на искуства и промовирање на одржливи енергетски решенија.

Честитки за организаторите Министерство за енергетика рударство и минерални суровини во соработка со УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA и ESCWA).

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This