Регионална соработка и добра енергија на втората годишна работилница на BELEN / MEPX

17.10.2025 | Новости

Тим на Нaционалниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје, присуствуваше на втората годишна работилница на Црногорската берза за електрична енергијаBELEN / MEPX.

Овој инспиративен настан ги обедини претставниците на енергетските компании, берзите за електрична енергија — сите поврзани со заедничка визија за напредок, соработка и иновации.

Одличните презентации и отворените дискусии ја истакнаа силната посветеност кон изградба на транспарентен, поврзан и одржлив регионален пазар.

Упатуваме честитки за одличната организација на годишната работилница, која успешно ги обедини професионалците од регионот во духот на соработка и заеднички развој на енергетскиот пазар.

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This