ЈУЛИ 2025 – МЕСЕЦ СО РЕКОРДНА ИСТРГУВАНА КОЛИЧИНА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ПАЗАРОТ ДЕН ОДНАПРЕД

07.08.2025 | Новости

Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, во рамки на пазарот ден однапред, во месец јули беа истргувани вкупно 135.072,8 MWh електрична енергија, по просечна цена од 6.363,29 денари или 103,19 евра за MWh. Со ова е постигнат нов месечен рекорд на тргување со електрична енергија на пазарот ден однапред.

Претходниот месечен рекорд беше регистриран во јануари 2025, кога беа истргувани вкупно 130.168 MWh електрична енергија, со просечна цена од 143,29 евра/MWh.

Во текот на јули, просечниот дневен обем на тргување изнесуваше 4.357,2 MWh.

Во периодот на дневен пик – од 09:00 до 20:00 часот – беа истргувани 2.866,4 MWh електрична енергија, по просечна цена од 5.292,2 денари или 85,8 евра за MWh.

За повеќе информации, посетете го следниот линк.

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This