Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...

ЈУЛИ 2025 – МЕСЕЦ СО РЕКОРДНА ИСТРГУВАНА КОЛИЧИНА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ПАЗАРОТ ДЕН ОДНАПРЕД
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, во рамки на пазарот ден однапред, во месец јули беа истргувани вкупно 135.072,8 MWh електрична енергија, по просечна цена од 6.363,29 денари или 103,19 евра за MWh. Со ова е постигнат нов месечен рекорд на тргување со електрична енергија на пазарот ден однапред.
Претходниот месечен рекорд беше регистриран во јануари 2025, кога беа истргувани вкупно 130.168 MWh електрична енергија, со просечна цена од 143,29 евра/MWh.
Во текот на јули, просечниот дневен обем на тргување изнесуваше 4.357,2 MWh.
Во периодот на дневен пик – од 09:00 до 20:00 часот – беа истргувани 2.866,4 MWh електрична енергија, по просечна цена од 5.292,2 денари или 85,8 евра за MWh.
За повеќе информации, посетете го следниот линк.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, мај 2025
Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
МЕМО на 30. Атински форум за електрична енергија
Динамични и суштински дискусии на 30. Атински форум за електрична енергија, организиран од...
Транспарентноста не е избор – туку обврска; Државните енергетски компании со заеднички брифинг во министерството
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа брифинг за медиумите за...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – мaj 2025
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ, отворајќи нов пат за зелената енергија во земјава
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги...
