Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – 24.07.2025 година
Врз основа на член 116 став (3) точка 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101 од 21.05.2025 година), член 28 став 1 точка 3) од Правилата за пазар на електрична енергија и член 17 став 3 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје со бр.0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 24.07.2025 година се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност
- Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став 1 точка 3) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со лиценца за трговија со електрична енергија и склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-6911/1 од 15.11.2023 година и Анекс 1 со арх.бр.09-7215/1 од 18.07.2024 година.
- Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, рокот за отстранување на причините за Опомената е заклучно со 29.07.2025 година.
- Доколку не се испочитува рокот и барањата од ова Опомена, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на 30.07.2025 ќе донесе Одлука за суспензија која ќе стапи во сила на 01.08.2025 година во 00:00 часот.
- Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Друштво за трговија и услуги СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија и EIC: 33XSMARTENERGY1W склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 09-6911/1 од 15.11.2023 година и Анекс 1 со арх.бр.09-7215/1 од 18.07.2024 година
На ден 23.07.2025 година од страна на Операторот на електропреносниот систем АД МЕПСО до ОПЕЕ е испратено Известување за престанување на важење (раскинување) на Договорот за балансна одговорност бр.05-2929/2 од 16.05.2022 година со СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Учесникот на пазар на електрична енергија СМАРТ ЕНЕРГИ ТРАДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје согласно член 20 став 4 точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија со цел продолжување на учеството на пазарот на електрична енергија е потребно да ја регулира балансната одговорност со АД МЕПСО или да пристапи како член во друга регистрирана балансна група.
Според наведеното, доколку не се испочитува рокот и барањето од ова Опомена, односно не се отстранат причините поради кои е доставено Решението за опомена пред суспензија, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на ден 30.07.2025 година ќе донесе Одлука за суспензија, која ќе стапи во сила на 01.08.2025 година во 00:00 часот.
ПРАВНА ПОУКА: Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.
Решение за упис на Виртуелен производител – РЕС ДОО Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
ОДЛУКА за СУСПЕНЗИЈА на учесник на пазарот на електрична енергија – У ПОВЕР ДОО ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ
Согласно член 22 став 1 алинеа 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот...
Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – за ЕНЕКОД ДОО Скопје
Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија...
Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
