МЕМО на одбележувaњето на 20 годишнината на Секретаријатот на енергетската заедница во Атина

21.07.2025 | Новости

Високи претставници од цела Европа присутвуваа во Атина на одбележувањето на 20-годишнината на Енергетската заедница.

Основана во 2005 година со потпишувањето на Договорот од Атина – на истото место каде што се одржа гала настанот- Енергетската заедница стана камен-темелник на енергетската соработка низ Југоисточна и Источна Европа. Во текот на изминатите две децении, им помогна на договорните страни да се усогласат со правните стандарди на ЕУ, да ги реформираат националните енергетски системи и да ја зајакнат регионалната енергетска инфраструктура, сè со цел да се интегрираат во енергетскиот пазар на ЕУ.

На настанот присуствуваше управителот Зоран Ѓорѓиевски кој истакна дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) останува активен и посветен партнер во оваа иницијатива од регионалната интеграција до спојувањето на пазарите и пошироко.

Ѓорѓиевски искажа благодарност до Секретаријатот на Енергетската заедница, Европската комисија, Министерството за енергетика, рударство и суровини и сите договорни страни и партнери за нивната доследна соработката за заедничката визија.

На настанот беше истакнато дека од Атина во 2005 година до Атина во 2025 година, Енергетската заедница докажа дека регионалната соработка произведува стабилни, енергетски системи подготвени за иднината.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This