Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
О Д Л У К А за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЕНЕРЈЕКС ДООЕЛ Скопје – 01.06.2025
Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 20 став 4 точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 3) и став 6) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 12 од Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 17.06.2025 година се донесе:
О Д Л У К А
за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-778/1 од 20.02.2020 година и Анекс 1 со арх.бр.09-6064/1 од 24.06.2024 година, склучен помеѓу ЕНЕРЈЕКС ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080018577559 и EIC: 33X26WATTVOLT04W и МЕМО ДООЕЛ Скопје, РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-778/2 од 20.02.2020 година и Измена на РЕШЕНИЕ со арх.бе. 09-6064/2 од 24.06.2024 година.
Договорот престанува да важи на ден 01.06.2025 година во 00:00 часот.
- Се брише учесникот на пазарот – ЕНЕРЈЕКС ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080018577559 и EIC: 33X26WATTVOLT04W од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
Образложение:
Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 20.02.2020 година склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-778/1 и Анекс 1 со арх.бр.09-6064/1 од 24.06.2024 година со ЕНЕРЈЕКС ДООЕЛ Скопје со ЕДБ: 4080018577559 и EIC: 33X26WATTVOLT04W.
На ден 12.06.2025 година од АД МЕПСО е доставено Известување со арх.бр. 09-7755/1 за спогодбено раскинување на Договорот за балансна одговорност со ЕНЕРЈЕКС ДООЕЛ Скопје со арх.бр. 09-5186/2 од 17.09.2021 година и Анекс 1 со арх.бр. 09-1162 од 24.02.2022 година кој стапува во сила на ден на 31.05.2025 година во 24 часот.
На ден 16.06.2025 година по електронска комуникација МЕМО го потсети учесникот дека е потребно да ја регулира балансната одговорност со цел исполнување на условите за учество на пазарот на електична енергија.
На ден 17.06.2025 година е испратен одговор од друштвото дека немаат намера да продолжат да работат и дека е веќе опочната постапка за ликвидација на друштвото.
МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 17.06.2025 година, согласно член 20 став 4 точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергијаи член 12 став 3) и став 6) од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА:
Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.
Решение за упис на Виртуелен производител – РЕС ДОО Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
ОДЛУКА за СУСПЕНЗИЈА на учесник на пазарот на електрична енергија – У ПОВЕР ДОО ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ
Согласно член 22 став 1 алинеа 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот...
Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – за ЕНЕКОД ДОО Скопје
Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија...
Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
