МЕМО на Конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2025)

12.06.2025 | Новости

Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО учествува на дводневната најпозната конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2025) која годинава се одржува во Виена, Австрија.

Тимот на Македонската берза на електрична енергија, активно придонесува во рамки на конференцијата преку размена на знаења, следење на трендови во индустријата и поддршка на развојот на европските електроенергетски пазари.

На конференцијата учествуваат 650 трговци од Централна и Југоисточна Европа вклучувајќи: директори за трговија, раководители на сектори за трговија со електрична енергија и гас, раководители за регулаторни прашања, експерти од областа.

Честитки до ETCSEE за успешно организирање на настан што ги обединува клучните чинители на енергетската трансформација.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This